6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономски скок: Австралија одбележува 25 години без рецесија

Економски скок: Австралија одбележува 25 години без рецесија

avstralija1

Во последниот квартал од 2016 година забележан е голем скок на економијата во Австралија со што е обезбеден понатамошниот развој на богатата економија која не била во рецесија веќе 25 години.

Како што пишуваат британските медиуми, Австралија е една од ретките земји кои би можеле да ја надминат Холандија во смисла на економскиот раст, а која ги држи сите рекорди на модерното време во непрекинатиот економски развој.

Економскиот скок во Австралија е обезбеден најмногу благодарение на силниот извоз и потрошувачката.

BBC пишува дека Австралија не претрпела рецесија се од јуни 1992 година, потсетувајки дека рецесијата во економска смисла подразбира дека државата во два квартали, односно шест месеци, бележи пад на бруто домашниот производ (БДП).

Економистите наведуваат дека и во 2017 година австралиската економија ќе биде стабилна, а според проценките на централната банка на Австралија во оваа година ќе биде забележан раст од 3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП