7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi Еclipse се враќа ... како џип (фото+видео)

Mitsubishi Еclipse се враќа … како џип (фото+видео)

mec 00

Компанијата „Mitsubishi Motors“ официјално го врати името „Eclipse“ меѓу моделите, па така ќе се вика новиот кросовер, кој ќе се распореди под „Outlander“ во палетата на брендот. Автомобилот го добил додатокот „Cross“ кон името, а неговата официјална премиера ќе се одржи за време на автосаемот во Женева.

mec 02

Дизајнот на новиот „Eclipse Cross“ е целосно во стилот на концептуалниот модел „XR-PHEV II“, претставен во 2015-та година. Од прототипот сериската варијанта се разликува по недостатокот на некои дополнителни елементи на каросеријата, поедноставената оптика и присуството на традиционалните рачки на вратите. Во кабината работите се исто така малку поедноставени.

mec 08

Самиот кросовер е изграден на платформата, која се користи и за „Outlander“. Автомобилот има систем за погон на четири тркала „S-AWC“. Има и систем за распределба на силата и сопирање меѓу задните тркала „Active Yaw Control“ (AYC).

mec 06

Во палетата на мотори е вклучен 1,5-литарски бензински мотор со турбо. За него засега податоци не се објавени, но се знае дека ќе работи во комбинација во вариаторна трансимисија, која ќе имитираат 8-степен автомат. Алтернативна варијанта е со 2,2-литарски дизел, комбиниран со стандарден 8-брзински автоматски менувач.

mec 05

Испораките кон европските дилери на „Mitsubishi“ стартуваат наесен. Потоа кросоверот ќе почне да се продава во Јапонија, Северна Америка, Австралија и други земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП