6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите ќе продолжат да купуваат имот во Лондон и покрај Brexit

Богатите ќе продолжат да купуваат имот во Лондон и покрај Brexit

Prime London Land Values Fall Most in Five Years

Супербогатите ќе продолжат да купуваат имот во Лондон и покрај политичката и економската несигурност поради одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ). Ова се наведува во извештајот, подготвен од консултантската компанија „Knight Frank“, цитиран од „Bloomberg“.

Бројот на луѓето со богатство во вредност од над 30 милиони долари, кои живеат во британската престолнина, се очекува да се зголеми за 30% до над 6.000 лица во наредните 10 години, пресметува компанијата.

Тоа донекаде го компензира намалувањето на инвеститорите кои аплицираат за дозвола за постојан престој, откако земјата воведе проверки за перење пари во 2014-та година. Минатата година само 215 лица се пријавиле за инвеститорски визи, покажуваат владините податоци.

londi355

Кон 2026-та година се очекува Лондон да е четвртиот најинтресен град од богатите инвеститори во недвижности. Лидер се појави да е Њујорк, следен од Шангај и Пекинг. Топ 10 се дополнува од Хонг Конг, Сан Франциско, Лос Анџелес, Сингапур, Мумбаи и Женева.

londi356

Во минатата година бројот на ултрабогатите поединци со богатство над 30 милиони долари се зголемува до над 193.000 лица поради силната година за берзите. До 2026-та година се очекува нивниот број да надмине 275.000 лица, како најсилен раст се очекува да има во Виетнам, Шри Ланка, Индија и Кина.

londi357

Бројот на милијардери ќе се зголеми до над 3.000 лица во наредните 10 години, потпомогнат главно од Индија и Кина поради развојот на технологијата, финансискиот сектор, медиумите и здравството, прогнозира уште компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП