2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоинаков живот во главниот град

Поинаков живот во главниот град

aaa

Гужва, бучава, загаден воздух – ова се едни од првите асоцијации за животот во Скопје. Сè повеќе згради, сè помалку мир. Зголемената побарувачка на станови бара соодветен одговор во вид на понуда, која што не секогаш гарантира квалитетен живот за семејствата. Се чини дека изборот се сведува на уживање во предностите кои што ги носи градот по цена на сите негови негативни аспекти, или повлекување во населби опкружени со природа и зеленило, но оддалечени од градските содржини.

Со цел да понуди трета опција за граѓаните, Фабрика Карпош создаде проект што ги спојува предностите од овие две опции – чист воздух и поволна микроклима во самиот град. Проектот наречен „населба Александрија“ веќе е во тек и се чини дека привлече големо внимание.

aac

Се работи за населба лоцирана на само 4,5км од центарот на Скопје, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае. На 200 метри од Александрија се наоѓа реката Лепенец, која претставува главен извор на свеж воздух во Скопје. По нејзиното течение преку Качаничката клисура, доаѓа главната струјница од ружата на ветрови во градот Скопје, обезбедувајќи му на ова подрачје чист и свеж воздух, дури и кога Скопје е под магла и штетни гасови. За нејзината чистота говори и фактот дека во близина на населбата се наоѓаат и главните бунари за водоснабдување на Скопје како дополнение на Рашче. Голем дел од градбите во Александрија ќе имаат и своја зелена површина на кровните површини како и на дел од терасите и останатите заеднички простории. Дополнителна предност на оваа населба е исклучително консолидираното земјено тло кое што обезбедува максимална стабилност на градбите.

Од Фабрика Карпош објаснуваат дека Александрија ќе понуди квалитетен живот за станарите преку постигнување максимална енергетска ефикасност и минимална загуба на топлина на што е посветено најголемо внимание при проектирањето. Она што ја прави Александрија поразлична од останатите населби е зеленилото, како што се дворови на приземјето, зелени површини околу зградите и зелени кровови кои овозможуваат подобрување на микроклимата и енергетската ефикасност на објектите.

aad

Ваквите мерки придонесуваат кон подобар квалитет на воздухот, заштита на биолошката разновидност, намалување на оперативните трошоци, подобрување на продуктивноста на луѓето, како и подобрување на општото здравје и удобноста. Изобилието од зеленило помага при намалување на смогот и филтрирање на прашината од воздухот во урбаните средини. Растенијата исто така помагаат при намалување на ефектите од бучавата која е еден од најголемите проблеми во градовите.

Градежните мерки, како што е на пример ефикасното поставување на прозорец, дополнително влијаат на квалитетот на секојдневието. Со самото ефикасно поставување на прозорец се обезбедува повеќе природна светлина, што ја намалува потребата за електрично осветлување во текот на денот и помага при одржување на температурна умереност. Заради овие придобивки Фабрика Карпош одлучи 5-та зграда во рамките на населбата Александрија да биде градба со атриум, кој што ќе придонесе кон максимално искористување на дневната светлина и обезбедување на поквалитетен живот за станарите.

Целосната понуда на станови во населбата Александрија е достапна на Саемот на градежништво од 28.02 до 04.03 во хала 1, на штандот на Фабрика Карпош. Сите кои што ќе изберат стан во Александрија за време на саемот ќе добијат специјални попусти и награди.

aaa

aab

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП