2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д. Битола со повисока добивка од лани

Стопанска банка а.д. Битола со повисока добивка од лани

stbbb

Главен акцент во работењето на Стопанска банка а.д. Битола во периодот 1.1- 31.12.2016 година беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката. Притоа, Банката го приспособуваше своето работење на промените во економските услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

Финансиски перформанси на Банката

Во услови на отежнати услови на стопанисување во домашната економија, како и бавно заздравување на глобалната економија од неодамнешната финансиската криза, Стопанска банка а.д. Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат, односно нето-добивка за периодот 1.1. до 31.12.2016 година во износ од 30,07 милиони денари.

Нето-приходите од камати се повисоки за 13,32% во однос на остварувањето од минатата година главно како резултат на повисоки нето-приходи од камати од домаќинства следствено на зголеменото кредитирање на овој сегмент на клиенти, а во согласност со напорите за дисперзија на ризикот и проширување на клиентската база.

Во услови на зголемен обем на кредитни работи и работи во платниот промет, зголемен обем на работа со платежни картички, распространета мрежа на дистрибуција, како и поради растот на бројот на клиенти, приходите од провизии се зголемени за 5,92% во однос на 2015 година. Порастот на расходите за провизии и надоместоци главно е генериран од воведувањето нов производ – Master Card чии ефекти во идниот период ќе се рефлектираат на приходната страна.

Годишен раст од 19,00% е регистриран во позицијата нето-курсни разлики што позитивно се одрази врз финансискиот резултат на Банката.

Останатите приходи од дејноста се повисоки за 30,91% споредено со минатогодишното остварување како резултат на остварени капитални добивки од продажба на преземен имот, приходи по основ на наплатени отпишани побарувања евидентирани на вонбилансна евидeнција, како и поголеми приходи од дивиденди во согласност со одлуките на издавачите на хартиите од вредност за распределба на добивката.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е значително пониска во однос на претходната година што упатува на подобрен квалитет на структурата на кредитното портфолио. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа, е повисока споредено со минатата година за 7,87 милиони денари.

Како резултат на зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на дистрибуција, како и поради зголемениот број вработени лица, трошоците за вработени бележат раст од 19,11%, останатите расходи од дејноста се зголемени за 3,85%, а амортизацијата се задржа приближно на исто ниво како во 2015 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП