10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpine конечно го покажа новиот А110 (фото)

Alpine конечно го покажа новиот А110 (фото)

а110 00

Обновената марка од страна на „Renault“ за спортски автомобили, „Alpine“, ги покажа првите официјални фотографии на серискиот модел „А110“, кој ќе дебитира во март во Женева.

Автомобилот го добива името на легендата од 60-тите години „А110“, а од компанијата ветуваат целосните технички податоци за возилото на 7-ми март, кога е премиерата.

„А110“ е еден од долгоочекуваните спортски автомобили, а пазарните стратези го дефинираат како директен ривал на „Porsche Cayman“ и „Alfa Romeo“.

Практично сериската верзија на „А110“ е идентична со последниот концепт, кој се појави пред една година и го носи името „Alpine Vision“, кој беше претставен од Карлос Гон во Монте Карло. Дизајнот на „А110“ се одликува со ретро форми, сепак креаторите црпеле инспирација од оригиналниот „А110“ и тврдат дека новиот „Alpine“ ќе се разликува од сите други автомобили кои ќе се „судри“ на патот.

а110 03

Веќе беше потврдено дека „А110“ ќе има аеродинамика, блиска до онаа на тркачките автомобили, а тоа храбро решение ги прави непотребни дополнителните аеродинамички елементи на каросеријата, кои „може да ги извалкаат“ линиите на каросеријата.

Речиси сигурно е дека „А110“ ќе користи 1,8-литарски турбо мотор, развиен врз основа на 1,6-литарски агрегат од „Renault Clio RS“, но силата ќе биде околу 300 коњски сили.

а110 05

Спортскиот модел ќе се нуди со трансмисија со две спојки, а сите се надеваме дека таа ќе е позрела и поразвиена од онаа која се појавува во последниот „Clio RS“.

Цените на новиот модел ќе се меѓу 55.000 и 60.000 евра, а дилерите на „Renault“ веќе собираат нарачки за првата производствена серија „Premiere Edition“, која ќе е од 1.955 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП