2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Скопје најуспешна банка во Македонија, добивка од над 36...

Стопанска Банка АД Скопје најуспешна банка во Македонија, добивка од над 36 милиони евра

stb

Стопанска Банка АД Скопје продолжи со остварувањето на извонредни резултати и во текот на 2016 година, остварувајќи добивка пред оданочување во износ од МКД 2.503.721 илјади денари.

Овие резултати се остварени во согласност со деловната политика на Банката, во опкружување исполнето со многу предизвици кои произлегуваат од глобалниот и домашниот амбиент. Клучни фактори за остварување на овие перформанси се дефинираната бизнис стратегија, прудентното управување со ризиците и јасен фокус на исполнување на деловните цели.

Вкупната актива на СБ на 31.12.2016 година достигна 86.153.339 илјади денари, што претставува пораст од 1,49% во однос на предходната година. Најзначајни промени беа забележани во позицијата кредити и побарувања од комитенти, која забележа пораст од 5,54% и изнесува 58.654.991 илјади денари.

Депозитите на небанкарскиот сектор на СБ забележаа пораст од 1.188.139 илјади денари, или 1,77% во однос на 2015 година, и достигнаа ниво од 68.291.877 илјади денари.

Добивката пред оданочување достигна износ од 2.503.721 илјади денари и истата е поголема за 16,89% во однос на минатата година.

Нето приходите од камата изнесуваат 3.637.117 илјади денари, и се повисоки во однос на предходната година за 7,90%, пред се како резултат на зголемените салда на користени кредити.

Приходите од провизии и надомести изнесуваат 1.052.579 илјади денари и се поголеми од минатогодишните за 1,83%, додека расходите од провизии и надомести се зголемени за 2,41% и изнесуваа 100.964 илјади денари.

Нето приходите од тргување изнесуваат 66.350 илјади денари и се поголеми за 53.043 илјади денари во однос на минатата година. Исто така, и  нето приходите од курсни разлики забележаа пораст од 43.229 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваа 338.653 илјади денари, додека останатите расходи од дејноста со состојба 31.12.2016 се  1.038.109 илјади денари.

Заклучно со 31.12.2016, исправката на вредност на финансиските средства на нето основа изнесува 490.974 илјади денари, а исправката на вредност на нефинансиските средства изнесува 154.022 илјади денари.

Одличните резултати од работењето овозможија СБ во текот на 2016 година да исплати дивиденда на имателите на обични акции, на тој начин обезбедувајќи значаен поврат на инвестицијата.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП