9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат два смартфони на „Motorolа“ од серијата „G“ (видео)

Пристигнуваат два смартфони на „Motorolа“ од серијата „G“ (видео)

nov moto33

„Lenovo“ претстави два паметни телефони од средна класа под брендот „Motorola“ – „Moto G5“ и „Moto G5 Plus“.

Серијата „G“ e најпопуларната линија на уреди на „Motorola“ и „Lenovo“ за 2017-та година каде што вложи во перформансите и изгледот на телефоните. Двата уреди, од кои „Plus“ претставува напредна и поскапа верзија, ќе се продаваат по пристапна цена од 200 евра за „G5“, oдносно нешто помалку од 300 eвра зa „G5 Plus“.

Спецификациите говорат за уреди кои се наменети за корисниците со поплиток џеб, но и кои сакаат пристојни перформанси.

„Moto G5“ e oпремен со 5-инчен „LCD“ дисплеј со „FHD“ резолуција, скенер за отпечаток на прстот, процесор „Snapdragon 430“, 2 GB RAM, 16 или 32 GB интерна меморија и камера од 13 мегапиксели и f/2.0.

Батеријата може да се менува и има капацитет од 2.800 mAh.

„Moto G5 Plus“ доаѓа во две верзии. Двете имаат „FHD“ дисплеј од 5,2-инчи, скенер за отпечаток на прстот кој може да се послужи како замена за сите команди благодарејќи на препознавајќи со гестикулации, процесор „Snapdragon 625“ и камера од 13 MP со f/1.7.

Евтината верзија поседува 2 GB RAM, a поскапата има 4 GB. Исто така, интерната меморија доаѓа во две верзии – 32 и 64 GB. Батеријата не може да се менува и нејзиниот капацитет е 3.000 mAh.

Двата модели се изработени од комбинација на пластика и метал, што претставува пресврт од потполно пластични телефони и наклонување кон серијата „Z“.

Уредите на „Motorolа“ ќе се најдат на пазарот на средината на март и ќе работат на оперативниот систем „Android 7.0 Nougat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП