2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка прокнижи 2,3 милиони евра за 2016 година

УНИБанка прокнижи 2,3 милиони евра за 2016 година

uni

УНИБанка во 2016 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани во Бизнис планот за 2016 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, земајќи ги во предвид и ризиците во домашната економија и надворешното опкружување.

Нето активата на банката во Декември 2016 година е на ниво од 14,3 милијарди денари, што значи зголемување на истата за 11,6% во однос на Декември 2015 година (12,8 милијарди денари). Обврските на банката  во билансот на состојба бележат нето зголемување од 11,4%, што е резултат на порастот на вкупните депозити особено на депозитите на население.

Нето каматните приходи како најзначаен елемент на нето банкарскиот приход во однос на Декември 2015 година се зголемени од 506,4 милиони денари на 562,1 милиони денари или за 11%. Приходите од камати се зголемени како резултат на порастот на кредитното портфолио, додека расходите за камати го задржуваат истото ниво и покрај поголемиот обем на депозити како резултат на пониските пасивни каматни стапки.

Квалитетот на кредитното портфолио на банката, следен преку промените на нефункционалните кредити и издвоената исправка на вредност на финансиските средства,      бележи подобрување (во  текот на 2016 година е реализиран поврат од  исправка на вредност на финансиските средства во износ од 13,6 милиони денари).

Оперативните расходи во 2016 година достигнаа износ од 545,5 милиони денари, што значи зголемување од 8,5% во однос на минатата година. Зголемувањето е резултат на зголемувањето на трошоците за вработените и останатите расходи од дејноста.

Во 2016 година Банката оствари позитивен финансиски резултат во износ од 142,9 милиони денари кој во однос на  минатата година е повисок за 61,2 милиони денари или за 74,9%, а се должи пред се на значителниот пораст на нето приходите од камати и нето повратот на исправката на вредност на финансиските средства.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП