19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедми ден штрајк во Македонски железници

Седми ден штрајк во Македонски железници

mz

Седми ден протест на вработените во претпријатијата во Македонски железници, кои бараат исплата на јануарската плата.

Од МЖ Транспорт во вторникот најавија дека до крајот на месецов треба да се исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10­ти март и вториот дел, што е неприфатливо за вработените кои бараат целосна исплата на платата.

Ѓоко Илиески од Иницијативниот одбор за спроведување на протестот информира дека три дена немаат повратна информација од раководството на МЖ Транспорт, ниту најава за средба и разговори. ­

Протестот ќе продолжи до исполнување на барањето за исплата на платата за јануари. За четири дена завршува месецот и ако не се промени нешто барањето ќе биде исплата на две плати, а загрижувачки е што во тој случај од први следниот месец ќе немаме здравствено осигурување, изјави денеска Илиески.

Владата на завчерашната седница донесе одлука да бидат префрлени дополнителни 70 милиони денари преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вчера апелираше МЖ да продолжи со работа истакнувајќи оти така ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП