28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата, а не војната, е главната пречка за инвестициите во Украина

Корупцијата, а не војната, е главната пречка за инвестициите во Украина

ukr300

Близу тригодишниот конфликт во Источна Украина без сомнение ги отежнува напорите за реформи во поранешната советска република. Кога зборуваме за инвестициите сепак, конфликтот не е најголемиот проблем, посочува „Bloomberg“.

„Инвеститорите гледаат три главни проблеми во Украина: корупција, корупција и корупција“, вели Даниел Билак, главен инвестициски советник на премиерот Владимир Гројсман. „За да се ребрендира, земјата треба да ги потенцира успешните приказни, а не постојаните конфликти на интереси и поткуп“, додава тој.

Иако Украина беше поздравена за иницијативите за реформи во банкарскиот сектор и енергетиката, прогресот во борбата против корупцијата не е доволен, како и задоцнетото плаќање на спасувачкиот заем во вредност од 17,5 милијарди долари. Високи функционери од отстранетата администрација во 2014-та година, дури и не ја понесоа одговорноста за наводните злосторства поврзани со корупција. Во годишната листа на „Transparency International“, Украина се искачува со само две места до 131-ва позиција која ја дели заедно со Русија. Соседна Полска пример е на 29-то место.

Властите во Киев планираат да привлечат 4,5 милијарди нето странски инвестиции во оваа година. Во 2016-та година тие беа 3,4 милијарди долари. Советникот на премиерот – Даниел Билак, поранешен управен партнер во украинскиот бизнис на правната компанија „CMS Cameron McKenna“ ја предводи и украинската Служба за промовирање на инвестициите (UkraineInvest).

Иако куповната моќ на населението беше урната поради 15-процентното намалување на економијата во 2014 – 2015 година, минатиот месец списанието „Новото време“ соопшти дека синџирот продавници за облека „H & M“ има намера да влезе на украинскиот пазар.

Во одговор на прашање од „Bloomberg“ од „H & M“ велат дека Украина е интересен пазар, но дека немаат конкретни планови кога и каде точно да отвораат продавници.

Конфликтот во источна Украина му наштети исклучително многу на рударството и металопреработувачката индустрија. Од друга страна, според Билак, секторите како технологијата и земјоделство се подобрија. Според него овие области можат да ја формираат основата за инвестициските цели на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП