Со работењето Друштвото во даванаесетте месеци од 2016 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат со бруто добивка од 131 мил. денари која е за 13,38% помала во однос на истиот период од претходната 2015 година или нето добивка 117,63 мил. денари која е за 13,35% помала од истиот период во минатата година, како резултат на бавното заздравување на економијата на земјата од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економија.
Вкупните приходи за 2016 год. изнесуваат 336,28 мил. денари и се остварени со 88% во однос на истиот период од претходната година, истите се за 11,58% помали во споредба со дванаесетте месеци од минатата 2015 година.
Вкупните трошоци и расходи од редовното работење во 2016 год. изнесуваат 235,46 мил. денари и се намалени за 10,54% во однос на истиот период од 2015 година.
Притоа останатите финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност се на доста високо ниво.
Со оглед на фактот дека Друштвото работеше во услови на нелојална конкуренција на пазарот и под влијание од глобалната економска состојба на ограничени услови на работење на економиите во земјите од ЕУ и новонастанатите случувања во регионот , кое секако има последици по севкупното работење и во нашата економијата, а кое се одрази и врз остварените финансиски резултати од работењето на Друштвото во дванаесете месеци од тековната 2016 година. Имајќи го во предвид напред изнесеното остварените резултати се задоволителни.
Во наредната година Менаџметот на Друштвото ќе настојува да го подобри резултатот од работење во однос на 2016 година.
Финансискио извештај можете да го погледнете тука.