26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus со пад на профитот поради повисоките трошоци за производство

Airbus со пад на профитот поради повисоките трошоци за производство

busair3

Профитот на авионската компанија „Airbus“ е намален за 3,6% во 2016-та година, откако последниот бран на снабдувања на авиони не успеал да ги компензира трошоците за поголемо производство на моделот „А350“ и влијанието од проблемите со моторите кои имаа влијание во снабдувањето на последните модели „А320“.

Добивката пред камата и даноци и пред еднократните ефекти е намалена до 3,96 милијарди евра во 2016-та година од 4,11 милијарди евра една година порано, објави компанијата со седиште во Тулуз, Франција. Аналитичарите предвидуваа профит од 3,80 милијарди евра – просечна оценка од 15 проекции.

„Airbus“ ја постигнува својата цел за позитивни слободни готовински текови откако испорачува 266 авиони во последниот квартал, или две петтини од вкупниот број во годината. Сепак 85% од испорачаните авиони со една патека биле постари варијанти, откако проблемите со моторот „Pratt & Whitney“ го забавија производството на моделот со повисока маргина „Neo“. Зајакнувањето на производството на „А350“ исто излегува скапо поради недостиг на внатрешна опрема.

„Airbus“ која предвидуваше дека профитот пред даноците и каматата за 2016-та година ќе остане без промена, без да се сметаат еднократни ефекти, распродавањето и корисничкото финансирање предвиде и кривични казни од 2,2 милијарди евра поради доцнења во снабдувањето од воените авиони „А400М“. Во првото полугодие сличните такси беа во износ од 1,03 милијарди евра.

„Ги исполнивме обврските од пред година и ги постигнавме насоките и целите со еден исклучок – „А400М“, при што требаше да преземеме уште една значителна парична казна“, рече главниот извршен директор Том Ендерс во соопштението.

Приспособениот профит пред даноците и каматата би требало да забележи раст меѓу 4% и 6% во оваа година, без да се сметаат спојувањата и превземањата, рече Ендерс, потврдувајќи дека „Airbus“ треба да достави повеќе од 700 трговски авиони.

Компанијата продаде дел од своите активности во воениот сектор во текот на минатата година и одвои поголеми износи за финансирање, откако европските агенции ја прекинаа поддршката за кредитите за извоз во позадина на истрагата за корупција, која стартува во САД.

Паричните текови за годината се во износ од 1,4 милијарди евра по негативно ниво од 4,73 милијарди евра во деветте месеци. Позитивните резултати се должат на скок во снабдувањето за четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП