19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовости и поволности од Фабрика Карпош на Саемот на градежништво

Новости и поволности од Фабрика Карпош на Саемот на градежништво

aleksandrija

Од 28 февруари до 4 март во Метрополис Арената во Скопје ќе се одржи 14-от Саем на грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja. Програмата на изложување ќе ги опфати сите гранки, почнувајќи од планирање, проектирање, па сè до финална изградба. Како и секоја година, тимот на Фабрика Карпош ќе биде дел од овој настан со понуда која што вклучува новости, како и награди за сите посетители кои што се заинтересирани да купат стан во новата населба Александрија.

„Тимот на Фабрика Карпош ќе можете да го најдете од 28.02 до 04.03 во хала 1. Ќе претставиме зошто Александрија е идеалниот избор со сите еколошки, економски и социјални бенефити, како една алтернатива на скопската реалност. Близината на реката Лепенец, најсовремените методи на градење, еколошките материјали, енергетската ефикасност и пријатната микроклима ја прават Александрија уникатна населба каква на Скопје одамна му недостасуваше. Ќе ја претставиме и 5-та зграда во рамките на населбата, Атриа, со која што ќе понудиме нов, уште повисок стандард на домување. Ги покануваме граѓаните да го посетат нашиот штанд и да се информираат за предностите од живеењето во ваква населба, а за сите кои што ќе ја изберат Александрија за нов дом обезбедивме многу попусти и награди.“ – објаснуваат од Фабрика Карпош.

aleksandrija

Населбата Александрија е лоцирана на само 5км од центарот на Скопје, во општина Ѓорче Петров, на 150м од новиот кружен тек кај Порта Влае која ќе се простира на површина од 150 000м2. Предвидено е да се изградат станбени згради, градинка, булевар, болница, и многу други содржини неопходни за квалитетен живот на станарите.

antria

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП