17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо 3,7 милиони евра ќе се поддржуваат иновации

Со 3,7 милиони евра ќе се поддржуваат иновации

inovaci0033

До 3 мај 2017 трае повикот на Фондот за иновации и технолошки развој за поддршка на заинтересираните стартап претпријатија кои може да аплицираат за грантови до 30.000 евра за да развијат иновативно решение со глобална перспектива.

Успешен корисник на таков грант е компанијата „Вејпр апликации“ ДООЕЛ, што постои околу две и пол години и била формирана со намера да развие софтверски производ за средни компании, кој значително им ја олеснува ИТ­администрацијата и интеграцијата на нивните основни ИТ­ системи.

„Софтверот го решава проблемот на приватен клауд, односно за брзо време можеме да подигнеме готови, интегрирани апликации кои им се потребни на речиси сите средни компании. Софтверот е отворен и ние наплаќаме од одржување, поддршка и кастомизација“, рече Љупчо Вангелски, управител на „Вејпр апликации“, која денеска ја посети заменик­министерот за образование и наука Спиро Ристовски

Вангелски рече дека нивната идеја успешно се реализира, па веќе имаат соработка со странски инвеститор кој им отвора можност за директна продажба во Холандија, Германија и во Белгија.

Директорката на Фондот ги повика стартап­компаниите кои се заинтересирани да аплицираат на повикот да го следат примерот на „Вејпр“. Таа соопшти дека покрај стартапите, со овој повик предвидена е и поддршка за десет микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да направат комерцијализација и иновација, кои веќе имаат некаков прототип и со поддршка на Фондот сакаат да настапат на пазарот.

„За овој тип поддршка предвидени се 100.000 евра по проект и тука очекуваме дека десет компании ќе бидат поддржани. Фондот интензивно работи со корисниците и за време на имплементација на средствата, зашто не е лесно откако ќе ја добијат идејата да се преточи во готов производ и да се најдат потенцијалните купувачи. Затоа им даваме техничка помош, консултантски и менторски услуги за да им олесниме подобро да опстанат и по завршување на поддршката од Фондот“, рече Поповска.

Ристовски информираше дека преку Фондот и Владата во изминатиот период се распределени 1,5 милиони евра директна поддршка за иновациите во Македонија, за годинава се планирани 3,7 милиони евра за поддршка на иновации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП