20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на интернет трговијата – Македонците лани потрошиле 20 милиони евра

Раст на интернет трговијата – Македонците лани потрошиле 20 милиони евра

online

Македонците се повеќе пазарат на интернет. Во 2016-та online биле потрошени околу 20 милиони евра, што е речиси двојно повеќе од 2015-та. Најмногу се нарачува облека, обувки, електроника, козметика како и купони за патувања. Почесто се купува од странски, а поретко од домашни интернет продавници.

Интернет трговијата сигурна како никогаш досега

Стравот дека при пазарење online може да останете и без пари и без производ, но дури и да ви бидат украдени личните податоци, се уште владее во Македонија. Сепак, упатените објаснуваат дека ризикот е дури и помал од веројатноста да бидете ограбени на улица – објаснуваат упатените.

„Безбедноста на податоците на корисникот е гарантирана. Системот на електронската продавница функционира на тој начин што ниту еден податок не се зачувува, бидејќи страната каде се внесуваат податоците е директна страна на банката“, објаснува менаџер за продажба во продавница за групни попусти.

При пазарење на интернет треба да се применуваат општите мерки на претпазливост – да не се користат јавни компјутери, да се купува само од проверени online продавници.

„Како луѓето се навикнуваат и почнуваат да им веруваат на познатите светски брендови и сервиси за интернет трговија, така ќе почнат да ги користат и македонските… Можеби е потребна поголема кампања за луѓето да видат дека се достапни тие сервиси, тие продавници и да почнат да ги користат “, објаснува менаџер за продажба во продавница за групни попусти.

Најчесто online се купува облека и туристички аранжмани

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) кои се однесуваат на првиот квартал од 2016-та на интернет најчесто се купува облека и спортска опрема (54.7% од нарачките), потоа електронска опрема (16.3%), производи за домаќинство (13.1%), хотелско и друго сместување (9.7%), други аранжмани и патувања (7.3%). 8.2% од Македонците online купувале или нарачувале храна и прехранбени производи.

Според ДЗС Македонците најмногу пазарат од продавници надвор од Европа (58.6% од купувачите), потоа од Македонија (40.8%), па од остатокот од Европа (20.7%).

Од друга страна Македонците и продаваат на интернет. 7.2% од граѓаните понудиле производи и услуги online, во продавница или на аукција преку сервисите како ebay.

Според ДЗС најголем дел од трансакциите на интернет, 43%, се во вредност од 50 до 99 евра. Потоа следат оние кои се помали од 50 евра, 33%, а 19% се помеѓу 100 и 499 евра. Не се регистрирани трансакции со поголема вредност од 1.000 евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП