23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПроизводството на флексибилниот телефон на Samsung ќе стартува наскоро

Производството на флексибилниот телефон на Samsung ќе стартува наскоро

glaflax2

„Samsung Electronics“ може да започне да го произведува во неголеми серии својот смартфон со флексибилен AMOLED-екран уште во четвртиот квартал на 2017-та година. Тоа го соопшти тајванскиот извор за „DigiTimes“.

Според изворите на весникот, „Samsung“ ги има добиено сите потребни патенти од САД кон крајот на 2016-та година и тоа е индикација за успешното развивање на смартфоните.

Можно е масовното производство да биде одложено за втората половина на 2018-та година поради технички проблеми.

Буквално пред неколку дена корејското издание „Etnews“ соопшти дека „Samsung“ ќе покаже два модели на флескибилни смартфони – „Galaxy X1“ и „Galaxy X1 Plus“, на ограничен број компании-партнери за време на саемот „MWC 2017“, кој ќе се одржи во Барселона од 27-ми февруари до 2-ри март.

На почетокот на годината кинески извори соопштија дека „Samsung“ во моментов тестира во Кина ваков тип на паметни телефони. Тие се развиени во рамките на проектот со кодно име „Project Valley“. Премиерата на флескибилните смартфони се очекува во 2017-2018 година.

Според повеќето гласини „Samsung Galaxy X“, или „Project Valley“, располага со 4К екран со „PenTile“-матрица со дијагонала од 5,1 или 5,7 инчи. Се очекува да е базиран на процесор „Snapdragon 820“, во комбинација со 3 GB RAM меморија, слот за „microSD“ картичка и флексибилна батерија.

Сосема е можно техничките параметри да претрпат значителни промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП