28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ сака да создаде паневропски телекомуникациски пазар

ЕУ сака да создаде паневропски телекомуникациски пазар

telekom

Европската унија оваа година ќе крене реформа во насока за креирање на паневропски телекомуникациски пазар, со што би поттикнала поголема конкурентност и вложување во овој сектор, изјави европскиот комесар за дигитална агенда, Нели Крос, во интервјуто за “Фајненшл Тајмс” .

“Работиме на низа мерки поради креирање на заеднички стабилни услови во ЕУ за конкуренција, вложувaње и раст на телекомуникациите, кои би требале да ја направат поатрактивна и прекуграничната консолидација”, изјави Крос.

Комесарката истакна дека не размислува за воведување на еднинствен регулатор, туку тежнее кон подобра соработка помеѓу Европската комисија и националните регулатори, како и размена на средствата помеѓу самите компании со цел за промовирање на инвестициите.

Крос ги изнесе изјавите по извештајот за Фајненшл Тајмс, објавени минатата среда, дека европскиот комесар за конкурентност, Жоакин Алмунија, се сретнал со членките на големите европски компании и разговарал за воведување паневропски инфраструктурни мрежи.

Меѓутоа, изворите од самата индустрија подоцна ја смалилe важноста за создавање единствена мрежа, заклучувајки дека состанокот одржан во ноември, бил фокусиран на прашањето дали може голем број на оператори да се консолидираат преку превземање.

На состанокот со Алмунија биле извршните директори на Deutsche Телеком, France Telekom, Telefonica, KPN, Belgacoma.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП