9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНово разместување меѓу најбогатите луѓе во светот

Ново разместување меѓу најбогатите луѓе во светот

bogi02

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос се искачи на третата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот (72.5 милијарди долари), покажуваат податоците на „Bloomberg“.

Растот во богатството на Безос во последните денови доаѓа од поскапувањето на акциите на компанијата која тој ја управува. Вчера акциите на „Amazon“ додадоа 0.17% до 844.14 долари, што е блиску до рекордната вредност од 847.21 долари во готово.

Пазарната проценка на компанијата изнесува 402 милијарди долари, што ја става на петто масто во САД. Пред неа се „Apple“ (710 милијарди долари), „Alphabet“ (582 милијарди долари), „Microsoft“ и „Berkshire Hathaway“, оценети на 498.6 и 414 милијарди долари.

Токму основачите на последните две компании се на чело на листата, меѓу најбогатите луѓе во светот.

Бил Гејтс ја зазема челната позиција со 84.7 милијарди долари, додека неговиот близок пријател – инвеститорот Ворен Бафет, е втор со 74.6 милијарди долари.

Најбогатиот Европеец Амансио Ортега е четврти на оваа листа со 70.6 милијарди долари, а веднаш зад него е Коосновачот на „Facebook“, Марк Цукерберг кој има богатство од 57.8 милијарди долари.

bogi01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП