30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPagani го претстави „најкомплицираниот“ автомобил (фото+видео)

Pagani го претстави „најкомплицираниот“ автомобил (фото+видео)

huayra 00

Италијанскиот производител на суперавтомобили „Pagani“ официјално го претстави роудстерот „Huayra“ кој беше определен од основачот на компанијата Хорацио Пагани за „комплексен проект кој некогаш го имале“. Од моделот ќе бидат произведени 100 примероци, кои веќе се продадени. Секоја еден од автомобилите чини 2.280.000 евра.

huayra 01

За роудстерот е изработен нова шасија, за која се користени карбон и титаниум. Ова овозможува тежината на роудстерот да биде со 80 килограми помала од таа на каросерискиот „Huyara“ – 1280 кг. Така автомобилот е сосема блиску до најлесниот модел на марката – моделот „BC“ што тежи 1218 килограми. Самата конструкција е за 52% поцврста.

huayra 02

Суперавтомобилот ќе се нуди со две варијанти на покривот. Едниот од нив е тврд со проѕирен централен дел, а другиот – мек кој се прибира во багажникот на возилото. Од компанијата уверуваат дека и двата покрива брзо и лесно се поставуваат на машината.

huayra 03

„Pagani Huayra Roadster“ е опремен со 6,0-литарски твин-турбо V12 кој нуди 764 КС и 1000 Nm вртежен момент. Тој работи во комбинација со нов 7-степен автоматски менувач „Xtrac“. Од компанијата не ги објавија динамичките карактеристики на возилото, но стандардното купе со 730 КС забрзува од 0 до 100 кч/ч за 3,3 секунди и развива максимална брзина од 370 км/ч.

huayra 04

Покрај тоа роудстерот добил модернизирана суспензија со елементи развиени специјално за овој автомобил, а исто така нови карбон-керамички сопирачки механизми „Brembo“, како и специјални 20-инчни предни тркала и 21-инчни задни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП