27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia планира цела палета GT модели?

Kia планира цела палета GT модели?

pik 03

Kia планира промоцијата на цела палета „GT“ верзии на популарните модели, прогнозира списанието „Car“, а се очекува првиот примерок да е „Rio GT“.

Премиерата на „Stinger“ се претвори во една од најголемите вести на салонот во Детроит, а сега шефовите одговорни за развојот на моделите на марката дискутираат за можноста да го привлечат интересот на обожавателите на спортски модели со претставувањето на серија „GT“ варијанти на постоечките автомобили.

Во овој план спаѓаат „Sportage GT“ и „Picanto GT“, но се смета дека во моментов најнапреден е проектот за „Rio GT“. На средба со медиумите пред автомобилскиот саем во Женева, каде ќе дебитира новиот „Picanto“, шефот за планирање на производи на „Kia“, Дејвид Лаброс објасни дека модел како „Sportage GT“ ќе има место во палетата на корејската компанија. И направи оградување дека ако има интерес за таков модел, неговото производство ќе стартува побрзо.

„Да, зошто да не. Сигурен сум дека за Британија „Sportage GT“ ќе биде голема понуда. Мислам дека во Европа пазарите се подготвени за спортски „SUV“ модели, но за нас ќе е предизвик да обезбедиме соодветен мотор за моделот“, вели Лаброс.

Едната можност е „Sportage GT“ да добие мотор од палетата на „Stinger“, но Лаброс не сакаше да потврди таква опција. Неговиот департментот ќе треба да одговори и на друг важно прашање – дали „Kia Rio GT“ ќе стане сериозен ривал на „Ford Fiesta ST“, на пример?

Според висок, но се уште анонимен извор од „Kia“, верзијата „GT“ за „Rio“ е во процес на подготовка и ќе дебитира малку по промоцијата по обновата на актуелниот модел. Најверојатно „Rio GT“ ќе добие 4-цилиндричен бензински турбо мотор, а ќе има опција и моторот да е со 3 цилиндри, но исто така со турбо. Малку подоцна оваа година ќе се појави „Rio GT Line“, кој сепак ќе има спортски изглед, не и посериозни динамични квалитети.

И, конечно, ќе се појави ли спортска верзија на „Picanto“?

Лаброс повторно направи оградување дека „Kia“ ќе го истражува сериозно пазарот пред да претстави кој и да е од идните „GT“ модели, но во однос на „Picanto GT“ изгледите се возбудливи. Најверојатно ова возило ќе добие 1-литарски бензински турбо мотор со 118 коњски сили, кој присуствуваше во палетата на „Rio“ и „Ceed“, но ќе има поголема моќност.

Од екипата на Лаброс пак потврдија дека „Kia“ има технологија и можности да стартува веднаш со производството на „Picanto GT“, но проектот се уште не добил одобрение од високите нивоа на менаџментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП