3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Lenovo ги разочараа аналитичарите

Резултатите на Lenovo ги разочараа аналитичарите

A man uses his laptop next to Lenovo's logos during the Mobile World Congress in Barcelona, Spain February 25, 2016. REUTERS/Albert Gea

Кинеската технолошка компанија „Lenovo Group“, која е најголемиот производител на персонални компјутери во светот, објави 67% пад на нето добивката за третиот квартал, заостанувајќи под очекувањата на аналитичарите. Ова се случи откако ограничувањата на понудата и лошата макроекономска ситуација натежнаа над нејзиното претставување, пренесува „Ројтерс“.

Профитот на компанијата е намален до 98 милиони долари во кварталот, кој заврши на крајот на декември, од 300 милиони долари во истиот период пред една година. За споредба – просечната оценка на 14 аналитичари анкетирани од „Thomson Reuters“, беше за 159,53 милиони долари.

Приходите се намалиле за 6 отсто до 12,2 милијарди долари.

Ограничувањата во снабдувањето на компоненти во индустриите во кои „Lenovo“ оперира, влијаеше на нејзината презентација, во прилог на предизвикот на макроекономската средина и онаа на глобалните пазари, наведува компанијата во документот.

Овие резултати се појавуваат во момент во кој персоналниот компјутер продолжува да се бори против таблетите и смартфоните кои за многу корисници станаа главни уреди за пристап до интернет и за сурфање на мрежата. Глобалната продажба на персонални компјутери опаднаа за петта година по ред во 2016-та година, со 6,2%, покажуваат податоците на „Gartner“.

Сепак главниот бизнис со компјутери на „Lenovo“ запиша 2% раст на приходите до 8,6 милијарди долари, свртувајќи го трендот на пад од седумте претходни квартали. Продажбата се зголеми за 2 отсто до 15,7 милиони примероци.

Продажбата на единицата за мобилни телефони сепак се намали за 26 отсто, иако ова претставува подобрување во однос на првото фискално тромесечје.

Цената на акциите на „Lenovo“ се зголеми за над 10% во оваа година, во согласност со индексот „Hang Seng“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП