18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Audi Q8 ќе има верзија RS

И Audi Q8 ќе има верзија RS

osum q 00

Уште на автомобилскиот саем во Женева во март може да се појави концепт на „Audi“, кој ќе покаже како ќе изгледа најмоќната варијанта на „Q8“. Тоа го соопшти списанието „Autocar“, а се претпоставува дека по традиција на германската марка верзијата ќе се вика „RS Q8“.

Концептот „Audi Q8“ дебитираше во Детроит, а од компанијата ветуваат дека „RS“ варијантата нема да е со толку екстравагантни дизајни, но ќе биде поагресивен. Се претпоставува дека „RS Q8“ ќе добие 4-литарски V8 мотор со две турбини, кој се користи кај седанот „S8 plus“ и кој најверојатно ќе се појави и кај „Lamborghini Urus“. Се очекува дека трансмисијата ќе биде автоматски менувач со 8 степени.

Уште во Женева ќе го видиме концепт со постојан погон на четири тркала – сепак, ова е одлична можност да се потсети на системот „Quattro“. Централниот диференцијал ќе е тип „Torsen“, а распределбата на вртежниот момент ќе е векторски.

Тежината на големиот „SUV“ ќе биде над 2 тони, но максималната брзина се очекува да е речиси 300 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе е помалку од 5 секунди. Речиси сигурно е дека дизајнот на ентериерот на „RS Q8“ ќе биде доста поинаков од оној на „Q8“, како и алуминиумските бандажи со кои ќе биде прикажан концептот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП