10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei бележи раст во продажбата на смартфони, но и пад на профитот

Huawei бележи раст во продажбата на смартфони, но и пад на профитот

huvi3j

Кинеската компанија Huawei минатата година значително ја подобри својата позиција на пазарот на производители на паметни телефони и продала повеќе такви уреди во однос на 2015 година, но забележала помал профит во однос на 2015 година.

Додека во 2015 година е забележан оперативен профит од 2,2 милијарди долари, минатата година бил забележан оперативен профит од две милијарди долари.

Вистинска цел на компанијата беше профит од 2,5 милијарди долари.

Иако продаде повеќе паметни телефони во однос на 2015 година, во 2016 година Huawei се реши за стратегија која предвидува значителни инвестиции во маркетинг и огласување.

Покрај промоцијата на уредите, тоа вклучува и одредени олеснувања, како и погодности за трговците и операторите кои решиле во својата понуда да ги вметнат и производите на Huawei.

Од тие причини произлегува податокот дека компанијата без оглед на поголемиот број на продадени уреди, остварила помал профит.

Околу идните планови, во Huawei се решени да достигнат нова цел – до крајот на годината да го удвојат профитот на ниво од четири милијарди долари, што би требало да биде постигнато преку разни мерки како што е намалување на трошоците и понатамошно зголемување на продажбата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП