3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимална плата во ЕУ: најниска во Бугарија-235 евра, највисока во Луксембург- 1999...

Минимална плата во ЕУ: најниска во Бугарија-235 евра, највисока во Луксембург- 1999 евра

plata003555

Минималната плата во земјите од Европската унија, во кои таа постои, расте во последниве години, се вели во извештајот на „Eurostat“.

Истражувањето е во врска со коментарот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој рече дека секоја земја во ЕУ треба да воведе минимална плата, која е значаен инструмент во борбата против социјалната нееднаквост.

Од податоците на институцијата е видливо дека всушност само во шест земји од заедницата – Австрија, Италија, Кипар, Данска и Финска, нема дефинитивно минимален надомест за вработените. Во повеќето од овие земји сепак минимална плата во практика постои – преку договореното плаќање во колективните договори по сектори.

Со години синдикалните организации во ЕУ зборуваат за воведување на единствена европска минимална плата. Но износот на минималната плата во моментов се движи во многу широки граници – од 235 евра во Бугарија и 322 евра во Романија, до 1.999 евра во Луксембург, или 8,5 пати над нивото во Бугарија.

Извештајот покажува дека минималната плата е околу 1.500 евра во Франција и Белгија, а во Германија и Велика Британија се пресметува на час – со малку под 9 евра.

Земјите во Југот од Европа кои се западнати во криза не може да си дозволат толку високи плати, но сепак минималната плата е повисока отколку во „новите членки“ од Источна Европа. Во Грција на пример минималната плата е 586 евра, во Португалија е 557 евра, а во Шпанија е речиси 708 евра.

Во секоја од земјите, со исклучок на Грција, има раст на минималната плата во однос на 2016-та година. Најзабележително е зголемувањето во Романија – 38%. За последните седум години Романија одбележува и најголемиот раст на минималната плата – со 142%, а во Бугарија зголемувањето е од 92%, станува јасно од статистиката. Во реални услови, односно ако се земе предвид инфлацијата, најголем раст на минималната плата има во Бугарија (83%) и Романија (79%) за периодот од 2010-та година до 2017-та година.

На спротивна страна е Грција. Нашиот јужен сосед е единствената држава во ЕУ, каде минималната плата се намалува од 2010-та година – 20%. Во реални услови падот е малку над 24%.

Германија, пак воведе минималната стапка на исплата за прв пат во 2015-та година.

lll

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП