21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Во кои земји сивата економија е најголема?

График на денот: Во кои земји сивата економија е најголема?

sivata eko00

Примерите за активноста на таинствените пазари се доста познати, без разлика дали станува збор за електричар кој прифаќа кеш без да декларира профит или само за обична зделка со дрога во некоја темна уличка, коментира „Statista“.

Нивото на активноста на таинствениот пазар сепак, се дефинирана како сива економија, зависи исклучително многу од конкретната земја.

Обично класифицирани како правни и физички лица, ангажирани во несоодветни практики без да ги почитуваат одредените законски обврски, како плаќање на даноци или одржување на прифатливи стандарди на вработување, секоја година сивата економија ги чини владите во светот илјадици милијарди долари.

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) силно регулираните економии со слаба администрација имаат тенденција да имаат и добро воспоставени сиви економии. Ова се случува многу ретко во земји со силни, добро регулирани и ефикасни државни институции. Во 90-тите години тоа веќе се гледа во поранешните земји од Советскиот Сојуз, како што се Грузија, каде сивата економија е проценета на ниво од 64% од БДП-то.

Денес сивата економија цвета во Јужна Европа, иако обемот на активноста не може да биде измерена директно.

Според новото истражување објавено од „Institute for Applied Economic Research“ кон „University of Tübingen“ во Германија, сивата економија во Грција се проценува на просечно 21,5% од БДП-то. Во САД ненајавени парични трансакции очигледно се поретки, а според истражувањето сивата економска активност таму е 5,4% од БДП-то на земјата.

Истражувањето ги опфаќа Австрија, Белгија, Германија, Финска, Франција, Грција, Велика Британија, Ирска, Италија, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Холандија, Норвешка, Австралија, Португалија, Шведска, Швајцарија, Шпанија и САД.

sivata eko01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП