22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција е прва туристичка дестинација за 2016-та, и покрај нападите

Франција е прва туристичка дестинација за 2016-та, и покрај нападите

luvrt35

Близу 83 милиони странски туристи ја посетиле Франција во 2016-та година, што е помалку во споредба со 85-те милиони во 2015-та година. Земјата сепак се зацврсти како водечка светска туристичка дестинација, соопшти француската влада, јавува „Франс прес“.

„2016-та година ќе остане посебна година поради нападите, лошото време и социјалните протести“, истакна министерот за надворешни работи и меѓународен развој Жан-Марк Еро пред новинари во југозападниот град Биариц.

Тој истакна дека „Франција настрада, но првите проценки за бројот на странските посетители и го обезбедуваат повторно местото на прва туристичка дестинација во светот, како и во 2015-та година, кога ги надмина САД и Шпанија“.

Министерот ги истакна и напорите на владата и индустријата за обновување на добриот имиџ на францускиот туризам во странство, особено со планот за целна реклама од 10 милиони евра.

Ефектот бил реален, особено со враќањето на јапонските клиенти, изјави Еро, додавајќи дека сега целта на Владата е да се достигне симболичниот праг од 100 милиони туристи во 2020-та година.

Конечниот број на туристи во Франција во 2016-та година, ќе биде објавен во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП