6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg очекува раст на профитот поради повисоките приходи во Азија

Carlsberg очекува раст на профитот поради повисоките приходи во Азија

carlsbergot304

Данската пивара „Carlsberg“ очекува профитот да се зголеми во оваа година, откако компанијата ја забрза програмата за намалување на трошоците, а профитот на азиските пазари се зголемува, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка ќе се зголеми за околу 5% на органска база, откако се зголеми за 5% во минатата година, објави производителот со седиште во Копенхаген. Компанијата исто така прогнозира дека валутните флуктуации ќе обезбедат профит од 350 милиони круни (50 милиони долари) во 2017-та година.

Главниот извршен директор Сеес`т Харт веќе скрати работни места, затвори пиварници и се повлече од слабите пазари како Финска, како дел од програмата за штедење, која минатата година. Подобрувањето на изгледите во Русија, каде „Carlsberg“ е најголемата пивара, исто стои зад најдобрите прогнози.

Производителот порано најави дека планира да ги намали трошоците до 2 милијарди круни до крајот на оваа година, додека се подготвува да се соочи со поголем конкурент по спојувањето на „Anheuser-Busch InBev“ и „SABMiller“.

Во исто време „Carlsberg“ е во преговори со владата на Виетнам за купување на удел во „Hanoi Beer Alcohol Beverage Corp.“, која контролира околу половина од пивскиот пазар во северен Виетнам со брендови како „Bia Ha Noi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП