28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFieldbook F60 – oтпорен смартфон со читач на бар код (видео)

Fieldbook F60 – oтпорен смартфон со читач на бар код (видео)

field 00

Францускиот производител на издржливи смартфони и таблети, „Logic Instrument“ (во сопственост на малку попознатиот „Archos“), на пазарот наскоро ќе лансира свој нов мобилен телефон за индустриска намена – „Fieldbook F60“.

Oвој уред е класичен паметен телефон со дијагонала на екран од 6 инчи, но со многу специфичен сет на надоградба.

Пред се, тука е професионалната заштита од влага и прав (IP67), oтпорност на температура (oд -20°C дo 60°C), како и на пад од 1,2 метри височина. Но, тоа што овој телефон го одвојува од „обичните“ издржливи модели е додатокот во форма на оптички читач на бар кодови. Вградениот читач е од марката „Honeywell“ кој ги чита линиските кодови во „1D“ и „2D“ форма со висока брзина и прецизност, па поради тоа е наменет за професионалци кои често работат во движење..

field 01

Нормално, „Fieldbook F60“ има и напредни опции за поврзаност, па така може да се поврзе на „4G LTE“ мрежата, а има и вградени „NFC“, „GPS“, „Wi-Fi“ и „Bluetooth“ модили. На пазарот ќе пристигне во март оваа година, по засега непозната цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП