6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНОВАКО - компанијата која што 8 години ги носи светските трендови во...

НОВАКО – компанијата која што 8 години ги носи светските трендови во Македонија

novako

Лидерот во производство и продажба на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авио мостови и други транспортни и индустриски системи во Македонија, НОВАКО, член на светски водечката групација ThyssenKrupp, оваа година го прославува својот 8-ми роденден.

Според сопственикот на НОВАКО, г. Љупчо Грујовски, македонските компании го препознаваат квалитетот на компанијата и светските трендови кои ги имплементира на нашиот пазар.

“Нѝ претставува голема чест и задоволство да кажеме дека оваа година славиме 8 години од нашето постоење на македонскиот пазар. За релативно краток временски период успеавме да се позиционираме како лидери во Македонија и да започнеме со работа и на регионалните пазари како Србија и Косово, кадешто сме и официјални застапници за ThyssennKrupp. Она кое што најмногу нè радува како компанија е тоа што успеавме да наметнеме квалитет и силна политика на безбедност, кој компаниите го препознаа и го ставија во своите приоритети.” – изјави г. Љупчо Грујовски, сопственик на НОВАКО.

Што се однесува до идните планови,визијата на компанијата е зацврстување на позицијата во Македонија и регионот, како и континуирано ширење и имплементација на новитети од индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП