27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраничниот премин Евзони сеуште затворен- големи штети за бизнисот

Граничниот премин Евзони сеуште затворен- големи штети за бизнисот

­

strajk

Граничниот премин Евзони е се уште затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци.

Веќе десетина дена грчките земјоделци штрајкуваат на граничниот премин Евзони незадоволни поради даночните и пензиските реформи на грчката влада.

Голема количина на стока за Македонија е заглавена на Солунското пристаниште. Станува збор за никел, јаглен, челик, сол и други суровини, наменети за македонската индустрија.

Алтернативни премини за превозниците се Дојран и Меџитлија, но тоа ќе ги зголеми цените на превозниците.

Министерот за економија Дритон Кучи изјави дека нема да дозволиме да дојде до нафтена или били каква друга криза.

„Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека што поскоро ќе се реши. Како надлежен орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите“, рече Кучи на денешната прес­конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Од Стопанската комора на Македонија се активираа. Претседателот на СКМ, Бранко Азески, упати допис до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос и до амбасадорот во Македонија Димитриос Јанакакис. Побара веднаш да се вклучат во решавање на проблемот со цел нормализација на сообраќајните врски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, Грција е еден од најголемите трговски партнери на Македонија.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП