Францускиот производител на скии „Rossignol“ во соработка со компанијата „PIQ“, која се занимава со спортска технологија, претставија скии со интегриран „LED“ екран и компјутер кој има вградено еден вид вештачка интелегенција.
Скиите од моделот „Rossingol Hero Master“ постојат и во стандардната понуда, а оваа „hi-tech“ верзија е опремена со сензори кои ги бележат движењата на скијачот, движењето по патеката, ефикасноста на кривините, брзината и останатите корисни податоци.
Најважните податоци потоа на скијачот му се прикажуваат со помош на „LED“ екранот кој е вграден во една од скијата, а идеата e скијачот со добиените информации да ја подобрат својата техника и да се доближат до професионалците – чии податоци се користени со цел да се развие алгоритамот на вештачката интелегенција за овие скии.
„Rossingol Hero Master“ без вградената електроника чинат нешто помалку од 1.000 долари, а засега нема податоци кој ќе чини оваа „паметна“ везија на скии.