Јапонската компанија Toyota, која неодамна ја отстапи круната за најголем автомобилски производител во светот на германскиот конкурент „Volkswagen“, забележа пад на профитот за 23% на годишна основа во последниот квартал од 2016-та година.
„Toyota“ објави дека во третиот квартал од фискалната година (октомври – декември 2016-та година) профитот бил 486,5 милијарди јени (4,3 милијарди долари). Тоа е пад во однос на 627,9 милијарди јени во 2015-та година. Посилната јен е „стопираше“ 206 милијарди јени (1,8 милијарди долари) од нејзината оперативна квартална добивка.
Продажбата на производителот на хибридниот „Prius“, „Camry“ и луксузните автомобили „Lexus“ падна за 3,5% до 7,1 илјади милијарди јени (63 милијарди долари).
За целата финансиска година (во Јапонија таа почнува на 1-ви април, а завршува на 31-ми март) „Toyota“ ја зголеми прогнозата за добивка до 1,7 илјади милијарди јени (15 милијарди долари). Тоа е над претходно очекуваните 1,6 илјади милијарди јени (14 милијарди долари), но пак под 2,3-те илјади милијарди јени заработени во претходната финансиска година.