3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИReckitt Benckiser во преговори за преземање на Mead Johnson

Reckitt Benckiser во преговори за преземање на Mead Johnson

Reckitt Benckiser

Британскиот производител на стоки за широка потрошувачка Reckitt Benckiser е во преговори за превземање на американскиот производител на храна за новороденчиња Mead Johnson, објавивија двете компании.

Од Reckitt наведуваат дека преговорите се веќе во напредна фаза, додавајќи дека за акција на американската компанија понудиле 90 долари. Па отука вредноста на Mead Johnson се проценува на 16,7 милијарди долари.

Понудениот износ е за 28 отсто повисок од цената на акцијата на Mead Johnson при затворањето на пазарите во САД во средата.

Во одделени соопштенија на Mead Johnson порачуваат дека ништо не е завршено и дека “не постои гаранција дека преговорите ќе резултираат со трансакција.” Тие истакнуваат дека соопштението е објавено за да одговори на медиумите, нагласувајќи дека веќе нема да коментираат се додека преговорите не бидат завршени.

Reckittov портфолиото на брендови ги вклучува производителот на кондоми Durex, антисептички Dettol, освежувач на воздухот Air Wick и аналгетикот Nurofen.

Mead Johnson продава 70 производи во повеќе од 50 земји, вклучувајќи ја и водечките линија Enfa, која тие тврдат дека е водечки прехранбен бренд во светот храна за новороденчиња. Во 2016 година тие остварија нето добивка од 545 милиони евра со приходи од 3,7 милијарди долари. Половина од продажбата е остварена во Азија.

Американската компанија веќе во неколку наврати беше во фокусот на шпекулациите за откуп, а како купци се споменуваа гигантите Danone и Nestlé.

Reckitt Benckiser во 2015 година оствариле приходи од 8.87 милијарди фунти (11,26 милијарди долари), а во меѓувреме веќе два пати ја намалија својата проценка на органски раст во минатата година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП