3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ќе отвори фабрика во Америка?

Samsung ќе отвори фабрика во Америка?

samsung factory333

Samsung размислува да изгради нова фабрика за производство на куќни апарати во САД, што може да биде одговор на заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп во врска со дополнителните даноци за произведените производи во странство.

Некои компании сега размислуваат за изградба на фабрики во САД за да ги избегнат овие даноци, па така се верува дека една од нив е Samsung. Во извештајот се наведува дека Samsung се уште не одлучил за определување на обемот на инвестиции, така што не е јасно кои уреди би се произведувале во САД. Samsung досега потрошил 17 милијарди долари на фабриката за чипови во Остин, Тексас.

Од Samsung изјавија дека ќе продолжат да ги проценуваат новите инвестициски потреби во САД, кои најдобро ќе им служат на клиентите.

Важно е да се напомене дека компаниите со седиште во Кореја не се директно загрозени со новите мерки кои ги најави претседателот Трамп, но тие сепак преземат превентивни мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП