3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТесна поврзаност на двата гиганти - Етихад ќе соработува со Луфтханза

Тесна поврзаност на двата гиганти – Етихад ќе соработува со Луфтханза

Desktop18

„Етихад ервејс“ и „Луфтханза“ најавија случување на ново комерцијално партнерство, потпишувајки низа договори од услуги за кетеринг до одржување на авиони.

Двете водухопловни групации потпишаа глобален договор за кетеринг вреден 100 милиони долари и меморандум за разбирање со кој се воспоставува соработка во областа на одржувњето, поправките и ремонтите на авионите, се наведува во заедничкото соопштение на двете авио-компании.

Во договорот за кетеринг услугите во траење од четири години е предвидено компанијата „ЛСГ скај шефс“ која работи во составот на групацијата „Луфтханза“, да нуди кетеринг услуги за авио-компанијата „Етихад ервејс“ во 16 градови во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка.

Покрај тоа, „Етихад“ и „Луфтханза Техник“ потпишаа меморандум за разбирање со кое се испитуваат можностите за соработка во областа на одржување, поправка и ремонт на летала на „Етихад“ и авио-компаниите во кои има мнозински удели, како и можноста за синергија со компанијата „Етихад ервејс инженеринг“.

Исто така е соопштено дека претходно најавената „код-шер“ соработка меѓу двете водухопловни групации почнала да важи од 1-ви февруари, за купување на билети на летовите меѓу Абу Даби и дестинации во Германија.

Тоа значи дека „Луфтханза“ ќе ја додеде својата ознака „ЛХ“ на летовите кои „Етихад ервејс“ два пати дневно ги остварува меѓу матичниот аеродром во Абу Даби и Франкфурт и Минхен, додека „Етихад“ ќе ја додаде својата ознака „EY“ на директните интерконтинентални летови на „Луфтханза“ меѓу Франкфурт и Рио де Женеиро во Бразил и главниот град на Колумбија, Богота, кога ќе бидат добиени одобрувања од соодветните ограни на власта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП