15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје ќе биде дел од Европската стартап недела

Скопје ќе биде дел од Европската стартап недела

­

start

Денес започнува „Европската стартап недела“ под мотото „Осмели се, започни свој бизнис!“,  во која со активности се вклучува и Скопје заедно со уште 220 градови од 40 држави.

Главна цел е промовирање на претприемништвото и можностите кои се на располагање на сите оние кои имаат желба да започнат сопствен бизнис.

„Европската недела на стартапи“ ќе се одвива на повеќе локации во Скопје со секојдневни работилници и предавања. Како дел од активностите Фондот за иновации и технолошки развој организира „Отворен ден“ за сите кои сакаат да дознаат како да добијат финансирање до 100.000 евра за нивниот бизнис.

Тоа е согласно отворениот четврти јавен повик за финансирање предлог проекти со инструментите Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва стартап и спин­оф и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Европската стартап недела ќе трае до 10 февруари кога ќе се одржи завршна конференција во ЕУ Инфоцентар. Во активностите се вклучени успешни претприемачи, иноватори, компании, институции и организации клучни за поддршка на новите стартап бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП