3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРезултатите на Visa ги надминаа очекувањата

Резултатите на Visa ги надминаа очекувањата

visa karticka3

Најголемиот оператор со платежни картички во светот – „Visa Inc.“, оставари повисоки од очекуваните профит и приходи за кварталот, така што повеќе луѓе извршиле плаќања преку мрежата, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата ја потврдува и прогнозата за годишни приходи и профит.

Слично на „MasterCard“ и други компании од секторот, „Visa“ се обидува да го зголеми својот удел на кинескиот пазар, доминиран од државната „China UnionPay“.

„Visa“ гледа на Кина долгорочно и планира да поднесе официјално барање за добивање на лиценца во земјата, вели Алфред Кели, кој ја презеде функцијата главен извршен директор на 1-ви декември. Тој ја наследи функцијата од Чарлс Шарф.

Последниот беше извршен директор на „Visa“ од 2012-та година, а под негово водство годишните приходи на компанијата скокнаа за 45%. Покрај тоа, тој стои зад обединувањето на компанијата со „Visa Europa“, кое заврши во јуни минатата година.

Соединувањето и помогнало на „Visa“. Вкупниот обем на плаќање се зголемува за 39% до 1,8 илјада милијарди долари во кварталот, надминувајќи го растот од 11% во истиот квартал од претходната година.

САД донесоа близу 45% од вкупниот обем плаќања со „Visa“ во кварталот, кој заврши на 31-ви декември, а Европа со 20%. Вкупно обработените трансакции се зголемуваат за 44% до 27,3 милијарди долари, објави компанијата. Волуменот на прекуграничните трансакции забележаа раст од 140% при постојана валута.

Нето добивката на „Visa“ се зголемува со 6,6% до 2,07 милијарди долари (86 центи по акција класа „А“) во последниот квартал. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 78 центи по акција, според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

Нето оперативните приходи на компанијата се зголемуваат за 25 отсто до 4,46 милијарди долари, исто надминувајќи ги очекувањата за 4,29 милијарди долари.

Акциите на компанијата со седиште во Сан Франциско ја зголемија својата вредност за 3,4% до 85,13 долари за време на берзанската трговија. Во раната редовна сесија растот на цената на акциите забележа раст од 4,4%. Од почетокот на годинава до завршувањето на берзанското тргување во петокот акциите поскапеа за 12%.

Во минатата недела „MasterCard“ – вториот по големина играч во секторот, забележа послаби приходи од очекуваните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП