2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp се врати кон профитот за прв пат по две години

Sharp се врати кон профитот за прв пат по две години

sharp33

Јапонската технолошка компанија „Sharp“ ја зголеми прогнозата за годишната добивка, откако забележа нето добивка за квартал за прв пат по две години. Истовремено компанијата се согласи со мерките за намалување на трошоците наметнати од нејзиниот сопственикот – тајванската Foxconn, пренесува Ројтерс.

„Sharp“, која е меѓу најголемите поддостаници на „LCD“ дисплеи на „Apple“, ја зголеми прогнозата за оперативната добивка до 37,3 милијарди јени (329,85 милиони долари) за годината што завршува во март, во однос на прогнозата од 25,7 милијарди јени направена порано.

Нето добивката достигна 4,2 милијарди јени за периодот октомври – декември (третото фискално тримесечје), во споредба со 24,7 милијарди јени загуба за истиот период од пред една година. Тоа беше првата нето добивка од кварталот јули-септември 2014-та година.

Резултатот сепак не одговори на проценката на четворица аналитичари анкетирани од „Ројтерс“, кои очекуваа износот да е 4,6 милијарди јени.

Враќањето кон профитот доаѓа во момент во кој „Sharp“ е поддржана од големото производство на „Foxconn“, од обновената линија на производи и воведувањето на голем број на мерки за намалување на фиксните трошоци.

Покрај тоа Концернот го искористи моментот по откажувањата во производството на корејските конкуренти кои го прават „LCD“ дисплеи за телевизори.

Неговото главно единица за дисплеи забележа оперативен профит од 11 милијарди јени, во споредба со 11 милијарди гени загуба од пред година порано, а се врати кон профитот за прв пат од две години.

„Foxconn“, чие официјално име е „Hon Hai Precision Industry, купи две третини од „Sharp“ за 3,7 милијар долари во август 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП