13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle го доби последниот случај против „правото на заборав“

Google го доби последниот случај против „правото на заборав“

google-neon

„Правото на заборав“ не е загарантирано во целиот свет, се наведува во новата одлука на суд во Јапонија по тужбата на компанијата Google.

Google во вторникот ја доби најновата тужба во врска со резултати од пребарување (search), кога судот во Јапонија пресуди дека компанијата не мора да ги отстрани линковите на статии за човек уапсен поради детска порнографија, пишува Wall Street Journal.

„Право на заборав“ е поим кованица на Европската унија од 2014 година. Европејците можат да побараат отстранување на податоци кои се „неточни, неадекватни, небитни или претерани“ од пребарувачот.

Правото нешто да биде заборавено не е загарнтирано ширум светот, се наведува во одлуката на судот.

Во Европа, Google ја прилагоди својата алатка за пребарување со цел да биде во согласност со правато на поединци да бидат отстранети од Google search. Европската унија сака ова правило да се применува на глоблано ниво. Суд во Франција минатата година пресуди дека правилото ќе се применува за сите домени на Google ширум светот.

Но јапонскиот суд очигледно не е посветен на ваквиот концепт. Судот реши дека резултатите на Google се форма на говор и нивната рестрикција може да води до ограничување на говорот, пишува The Wall Street Journal.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП