6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla го менува името

Tesla го менува името

tesla-production-facility

Компанијата „Tesla Motors“, на Илон Маск, ги извести надлежните регулатори дека нејзиното ново име е „Tesla Inc“, јави агенцијата Bloomberg, додавајќи дека компанијата со ова сака да покаже дека не е само производител на автомобили.

Одлуката за бришење на зборот „Motors“ од името е донесена за да се привлече внинамние на фактот дека Tesla, која се спои со корпорацијата SolarCity, сега работи и во секторот на соларна енергија.

Зад компанијата SolarCity исто така стои Илон Маск.

Tesla во ноември го финишира преземањето на SolarCity, компанија чија дејност е инсталирање соларни панели. Tesla плати две милијарди долари за превземање на оваа компанија.

Визијата на Tesla е да стане бренд за многу услуги и производи (one-stop shop) за потрошувачи заинтересирани за чиста и обновлива енергија, место на кое ќе можат да купат артикли почнувајќи од соларни панели до домашни (куќни) системи батерии за чување енергија, коо компанијата Tesla ги користи за електричните автомобили, наведува Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП