17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБелата куќа ќе ја бојкотира CNN

Белата куќа ќе ја бојкотира CNN

cnn33

Американската телевизиска компанија „CNN“ e лишена од правото да и гостуваат претставниците на официјалната администрација на Белата куќа, соопштува „Politico“. Тоа станува факт, откако самите претставници на претседателската институција се одлучиле да ја бојкотираат телевизијата, ова станува јасно од анонимен извор на весникот.

„Ќе ги испраќаме нашите претставници само таму каде што сметаме дека има смисла“, вели изворот на „Politico“. Сепак претставниците од администрацијата ќе продолжат како и досега, да одговараат на сите новинарски прашања, биле тие упатени и од претставници на „CNN“. Во последно време беше наметнат своевиден бојкот на новинарскиот канал од страна на Прес секретарот на Белата куќа, Шон Спајсер и советникот на Трамп, Келјен Конвеј, кој не се појавуваше во етерот на „CNN“.

Очекувано веста предизвика одмазднички одговор и кај оштетениот. Неименуван репортер од „CNN“ коментира за „Politico“ дека преку оваа забрана новата администрација во Вашингтон се обидува да ја „казни“ телевизија и да го намали нејзиниот рејтинг.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер пак одбива да ја оцени одлуката како бојкот, нагласувајќи дека претставниците на администрацијата ќе продолжат да одговараат на прашањата на новинарите на „CNN“ за време на секојдневните брифинзи. Спајсер додава уште дека не сака да „се поврзуваат со луѓе кои немаат ни најмалку желба да те разберат“.

Телевизискиот конгломерат „CNN“ е еден од најжестоките медиумски критичари на Доналд Трамп уште од времето на изборната кампања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП