Деновиве во медиумите се појавија информации за тоа дека „Facebook“ наскоро во јавноста ќе лансира своја апликација наменета за гледање на видео содржина на телевизори.
Апликацијата би требало да функционира, како „Google Chromecast“ и „Apple TV“ уредите. Содржината би требало да постигнува директно од „Facebook“ и нивниот видео сервис кој се развива со брзо темпо.
Покрај аматерските видеа кои на друштвената мрежа ги поставуваат самите корисници, „Facebook“ ќе овозможи гледање и на пресонални видео записи и емисии кои би ги создавале разни производители на содржини, медиумиски компании и останатите кои ќе бидат заинтересини со овој начин на дистрибуција на содржини.
Подолгите и квалитетните содржини и нивното прикажување на голем екран, сметаат во „Facebook“, ќе даде нова живост на видеата и нивните платформи, т.е. ќе генерираат дополнителни приходи од рекламирање.