14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБафет купи акции вредни 12 милијарди долари по победата на Трамп

Бафет купи акции вредни 12 милијарди долари по победата на Трамп

vorek30

Легендарниот инвеститор Ворен Бафет по победата на американскиот претседател Доналд Трамп купи акции во вредност од 12 милијарди долари.

Иако не е конкретно одговорено чии акции неговата компанија Berkshire Hathaway ги купила, познато е дека од ноември оваа компанија го зголемила уделот во компании како што се American Airlines, Delta Air Lines и United Continental Holdings.

Оваа количина на акции секако е важна доколку се земе во предвид фактот дека Berkshire Hathaway во првите девет месеци од минатата година купи акции во вредност од 5 милијарди долари, а ги продаде во вредност од 20 милијарди долари.

Во текот на 2015 година, Бафет на хартии од вредност има потрошено вкупно 10 милијарди долари, или две милијарди помалку во однос на последните три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП