28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony отпишува 1 милијарда долари од филмскиот бизнис

Sony отпишува 1 милијарда долари од филмскиот бизнис

film sony33

Јапонската корпорација „Sony Corp“ објави дека ќе отпише 112 милијарди јени (1 милијарда долари) од филмскиот бизнис по преглед на идната профитабилност на своите операции, соопштува „Bloomberg“.

Компанијата вели дека ќе го прокнижи отпишувањето во третото фискално тримесечје и проучува како тоа ќе влијае на нејзините прогнози. За да се компензира дел од загубата, компанијата изјави дека ќе продаде акции од онлајн медицинските услуги „М3“ на јапонската филијала на „Goldman Sachs“ во договорот вреден 37 милијарди јени (322,8 милиони долари).

„Sony“ ја даде пораката две недели откако изјави дека главниот извршен директор на „Sony Entertainment“ Мајкл Линтон се повлекува по 13 години на функцијата. Студиото последно време доживува тешкотии, вклучувајќи поради минатогодишното продолжението „Ловци на духови 3“ и филм, базиран на видео играта „Angry Birds“. „Sony“ предупреди во јуни дека делот е во ризик да забележи уште загуби.

„Пазарите се сомневаат дека „Sony“ не ги држи цврсто уздите на филмскиот бизнис, но сепак износот е изненадувачки. Со заминувањето на Линтон и тоа отпишување сите лоши вести веќе се јасни и вниманието може да се насочи кон планот за претстојната фискална година“, рече Казунори Ито, аналитичар во „Morningstar Investment Services“.

Акциите на „Sony“ ја затворија трговијата речиси без промена во Токио пред пораката. Акциите внесени во Германија, сепак поевтинија за 2,6% во слаба трговија по веста.

„Падот на пазарот на „DVD“ и „Blue-ray“ дискови беше побрз од очекуваното“, вели Такаши Ида, портпарол на „Sony“.

Компанијата со седиште во Токио се повеќе зависи од бизнисот со видео игри, кој генерира два пати повеќе профит во последната фискална година од филмовите. Конзолата „PlayStation 4“ на „Sony“ ја надмина по продажба „Xbox One“ – најблискиот конкурент, дело на „Microsoft“ – околу два пати, покажува веб-страницата „VGChartz“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП