24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку заработија најбогатите Американци во првата недела на Трамп?

Колку заработија најбогатите Американци во првата недела на Трамп?

billionaires333

Првата недела на Доналд Трамп како претседател донесе прилично експлозивни вести. Милиони луѓе го изразија својот гнев од новите предлози за даноци од промените во здравствената реформа и планираниот ѕид од милиони долари долж границата со Мексико, пишува „Forbes“.

Меѓутоа, има една група во американското општество, која нема од што да се жали. Милијардерите имаат многу корист од рекордно високите берзански индекси во првите седум дена на Трамп во Белата куќа.

Минатата недела десеттемината најбогати Американци додале 15,8 милијарди долари кон комбинираното нето богатство. Секој еден од нив се збогати во седумте дена по инаугурацијата на Трамп.

Ворен Бафет има постигнато најголем профит – неговото нето богатство се зголемило за 2,5 милијарди долари, до 74 милијарди долари. Сега тој е вториот најбогат човек во светот по Бил Гејтс, кој поседува 85 милијарди долари.

Марк Цукерберг исто така е меѓу најголемите победници. Тој додава уште 2,1 милијарди долари кон сметката во текот на минатата недела благодарение на зголемувањето на пазарната капитализација на „Facebook“. Цената на акциите на компанијата се зголемија за 15% до крајот на 2016-та година и е малку под рекордот за сите времиња од октомври.

Најмал профит минатата недела реализираше Лари Елисон од 985 милиони долари. Тој е единствениот член на првите десет, кој не додаде барем една милијарда долари кон своето богатство. Сепак тој го задржува петтото место меѓу најбогатите Американци со нето богатство од 49.6 милијарди долари.

За разлика од американските колеги, странските милијардери постигнале мешани резултати во минатата недела. Од тројцата најбогати неамериканци двајца регистрирале пад на своето богатство. Нето состојба на Шпанецот Амансио Ортега загубил 370 милиони долари, додека состојбата на Французинот Бернар Арно се намалило за скромни 68 милиони долари.

За сметка на тоа Карлос Слим, кој е најбогатиот човек во Мексико, заработил над 1,6 милијарди долари, покрај острата реторика од администрацијата на Трамп и предлогот за данок од 20% на увезената стока од Мексико.

Трамп влезе во Белата куќа со ветување „да ја направи Америка повторно голем“. Пред неговиот избор животот за повеќето од 500-те американски милијардери веќе беше прилично добар, но во неделата по неговата инаугуративна ситуацијата им станала уште подобра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП