Најголемите ривали, „Mercedes“ и „BMW“, во 2016-та претставија целосно нови генерации на „E Сlasѕ“ и „Serieѕ 5“. Зa тоа време, „Audi“ во средината на годината ја редизајнираше актуелната „А6“, со цел овој автомобил, кој се појави во 2010-та, да оддржува чекор со конкуренцијата.
Меѓутоа, вистинскиот наследник е во подготовка, пишува „Auto Express“, наведувајќи дека следната генерација на „Audi A6“ можеме да ја очекуваме во 2018-та година. Истиот извор наведува дека новиот „А6“, пред се неговиот преден дел, ќе биде дизајниран по угледот на серијата концептни возила на „Audi“ под ознаката на „Prologue“ од 2014-та и 2015-та.
Автомобилот ќе биде поставен на „MLB“ механичката платформа на групацијата „VW“, чија конструкција во голема мера е изработена од алуминиум и челик со висока цврстина, па се очекува и значителна заштеда на вкупната маса на возилото.
Основата на моторизацијата ќе ја сочинува четирицилиндарски бензински и дизел турбо агрегати, со шест цилиндри кои ќе ги придвижуваат моќните модели од гамата. Во склад со современите трендови, се очекува и „Plug-in“ хибридна верзија, која покрај конвенционалниот ќе има и електричен мотор.
Лимузината „A6“ ќе дебитира во 2018-та, а по неа „Audi“ ќе претстави и караван верзија, а потоа и новиот „A7“.