28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle и Netflix изразија незадоволство за одлуката на Трамп за забрана за...

Google и Netflix изразија незадоволство за одлуката на Трамп за забрана за влез во САД

GOOGL_NFLX_Weiser-500x375

Некои од најголемите американски технолошки компании, вклучително и Google и Netflix, изразија незадоволство и се побунија против одлуката на американскиот претседател Доналд Tрамп, кој забрани влез во САД на сите државјани на седум муслимански држави.

Во петокот, Трамп потпиша извршен налог со кој забранува влез во САД на бегалците од седум муслимански земји во следните 90 дена.

Тој потег предизвика незадоволство кај американските технолошки фирми кои вработуваат илјадници арапски и мигранти од Јужна Азија.

Во својот пост на Facebooku, извршниот директор на Netflix, Рид Хестингс, напиша дека одлуката на Трамп ги погодила вработените во Netflix ширум светот и дека таа одлука ги боли сите Американци.

„Уште полошо е што овој потег Америка ќе ја направи помалку сигурна (низ омраза и губиток на сојузници)“, додава Хестингс.

Извршниот директор на Apple Тим Кук, во писмо до вработените наведува дека компанијата не ја поддржува одлуката на претседателот Трамп. Google, исто така потсети дека одлуката не е добра за никого.

Airbnb, сервисот кој нуди барање сместување, исто така, соопшти дека ќе обезбеди бесплатно сместување за сите оние кои се погодени од одлуката на Трамп.

Новите ограничувања ќе имаат големо влијание на технолошките компании кои вработуваат стручен кадар од цел свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП