2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов извор на приход на „Facebook“: Реклами и во Messenger

Нов извор на приход на „Facebook“: Реклами и во Messenger

mess fb3

Eкипата во „Facebook“ е свесна дека не може премногу да го зголеми бројот на реклами кои на корисниците им се прикажуваат во „news feed“ и се обидуваат на пронајдат нови начини за да ги зголемат приходите.

Еден од тие начини, како што беше најавено на почетокот на овој месец, е вметнување на реклами во видео-записите кои се прикажуваат на оваа друштвена мрежа, при што рекламите нема да се покажуваат на почетокот или на крајот на видеото, туку по дваесетина секунди.

Во последно време екипа од компанијата на Цукерберг тестира уште еден нов начин на заработка со рекламирање и имаат намера да започнат со прикажување реклами и во „Messenger“. На почетокот рекламите би требало да се прикажуваат само во долниот дел на екранот во кој се покажуваат последните разговори (под делот „Поделени денови“ и „активни корисници“ кој ќе биде дел за спонзорите) па не би требало да се прикажуваат внатре во самите разговори.

Сега е познато зошто Цукерберг го одвои „Messenger“ од мобилната апликација, корисниците на почеток го критикуваа овој потег, но со тек на време повеќето од нив ја превземаа посебната апликација, па така апликацијата на „Facebook“ за разговори е инсталирана на повеќе од милијарда уреди.

Од оваа компанија велат дека компаниите кои ќе се рекламираат во „Messenger“ нема да можат да ги контактираат корисниците (освен ако самите корисници први не им испратат порака), односно да им испраќаат „spam“ пораки.

Оваа опција на почеток ќе се тестира само во Австралија и на Тајланд, а ако во „Facebook“ бидат задоволни со резултатите, така ќе се прошири во сите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП