19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на Германија за бегалците надминаа 21 милијарди евра во 2016-та

Трошоците на Германија за бегалците надминаа 21 милијарди евра во 2016-та

migranti de3

Трошоците на федералната влада на Германија за бегалци достигнаа до 21,7 милијарди евра во 2016 година, соопшти европското издание „Politico“, цитирајќи ги податоци на Министерството за финансии.

Најголем дел од средствата – 9,3 милијарди евра се распределени од локалните власти.

Трошоците за интеграција на бегалците во текот на минатата година изнесуваа 2,1 милијарди евра.

Според податоците на владата во 2016-та година во Германија азил побарале 280.000 лица, што е значително помалку од 890.000 бегалци, кои влегле во земјата во претходната година.

Плановите на Берлин се во 2017-та година да потроши 21,3 милијарди евра за справување со миграцискиот проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП